Меѓународниот кривичен суд во Хаг ќе истражува дали Русија извршила воени злосторства за време на инвазијата на Украина, јавува Би-Би-Си.
„Постојат основи за тврдење дека биле извршени наводни воени злосторства, како и злосторства против човештвото во Украина“, рече обвинителот од Судот, Карим Кан.
Тој рече дека има намера во истрагата да ги вклучи сите нови наводи за воени злосторства кои спаѓаат во надлежност на неговата канцеларија, без разлика која страна ги извршила на кој било дел од територијата на Украина.