Владата на Хаити официјално го назначи Ариел Хенри за премиер, скоро две недели по убиството на претседателот Жовенел Моиз во политички заговор, кој се чини дека има корени далеку од границите на оваа карипска земја.
За време на церемонијата во главниот град Порт-о-Пренс, Хенри вчера ја презеде улогата на водач на оваа најсиромашна нација на Западната хемисфера и го започна својот инаугуративен говор со едноминутно молчење во чест на убиениот претседател.
Хаити се бори со беззаконието генерирано од насилни банди, а Анри рече дека сака да создаде услови што е можно повеќе луѓе да гласаат на изборите закажани за септември.
– Време е за единство и стабилност – рече Хенри, а сега поранешниот премиер Клод Џозеф процени дека назначувањето на Анри треба да ги олесни изборите, кои последен пат се одржаа на Хаити во 2016 година, и предупреди на тешката задача која му претстои.