Хаити: Двајца Американци меѓу уапсените за атентатот врз претседателот

од Nikola Popovski

Двајца мажи за кои се верува дека се Американци со хаитско потекло, од кои едниот е наводно поранешен телохранител во Канадската амбасада во Порт-о-Пренс, се уапсени во рамките на истрагата за атентатот врз претседателот на Хаити, Жовенел Моиз.

Хаитискиот министер за избори, Матијас Пјер, изјави за Асошиејтед Прес денес дека Џејмс Солаџис е меѓу шестмина уапсени во текот на 36 часа откако вооружена група упаднала во резиденцијата на Моиз и го убила, сериозно ранувајќи ја неговата сопруга Мартин.

За време на размената на оган, полицијата уби седум осомничени за убиството на Моиз, а трага по уште две лица.

Хаитските власти претходно изјавија дека полицијата убила седум осомничени за атентатот.

Солаџис се опишува себеси како „овластен дипломатски агент“, заштитник на правата на децата и поранешен телохранител во Канадската амбасада на Хаити, на веб-страницата на хуманитарната организација што ја основал во 2019 година на Флорида.

Властите не објавија информации за осомничените или можен мотив за нападот, кој според полицијата го извршила „екстремно обучена и тешко вооружена група“.

Хаити, политички нестабилната и најсиромашна земја на западната хемисфера, беше турнат во нови превирања со атентатот врз Моиз а кризата дополнително се комплицира од политичкиот вакуум и неизвесноста кој би можел да ја преземе власта.

Слични содржини