Хаити: Седуммина убиени, 6 уапсени поради атентатот врз претседателот

од Nikola Popovski
194 прегледи

Хаитската полиција соопшти дека убиле седум и уапсиле шестмина осомничени поради атентатот врз претседателот Жовенел Моиз.

Во тек е потрага по други лица одговорни за вчерашниот напад врз резиденцијата на претседателот на државата, кога беше убиен Моиз, а неговата сопруга Мартин беше тешко ранета.

Најмалку двајца осомничени беа уапсени од лути граѓани во Порт-о-Пренс и предадени на полицијата.

Толпата подоцна запали неколку напуштени автомобили за кои се верува дека им припаѓале на осомничените.

Властите не објавија информации за осомничените или можниот мотив за нападот, кој според полицијата го извршила „екстремно обучена и тешко вооружена група“.

Хаити, политички нестабилната и најсиромашна земја на западната хемисфера, е турнат во нови превирања со атентатот врз Моиз, а кризата дополнително се комплицира од политичкиот вакуум и неизвесноста кој би можел да ја преземе власта.

Фото: Valerie Baeriswyl/Getty Images

Слични содржини