Манекенката Хајди Клум деновиве патува за Европа со својот сопруг Том Каулиќ, а со секоја нова објава на Инстаграм предизвикува воодушевување кај нејзините фанови.
Хајди не ја пропушта можноста да сподели интересни моменти од патувањето со своите следбеници и секако неизбежните фотографии во топлес.
„Ти ја стави најголемата насмевка на моето лице, Том“, напиша Хајди во описот на фотографијата што очигледно ја направил нејзиниот сопруг.
Фотографијата им се допадна на повеќе од 120.000 луѓе за само три дена, а се чини дека манекенката и нејзиниот сопруг уживаат максимално на својот одмор.
View this post on Instagram
Гледајќи го нејзиниот профил на Интаграм, она што е сигурно е дека Хајди сигурно ја има титулата „кралица на топлес фотографиите“, бидејќи за само неколку дена објави неколку слики на кои позира без градник.