Хајди Клум и нејзиниот 17 години помлад сопруг разменија нежности на плажа (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
428 прегледи

Манекенката Хајди Клум и нејзиниот сопруг Том Каулиц се фотографирани на Сардинија. Имено, славниот пар моментално ужива на одмор, а папараците ги фотографираа како се гушкаат и бакнуваат во плитко и не се грижат што сите гледаат во нив.

Хајди носеше минијатурно црно бикини.

На почетокот на овој месец, тие беа видени и како се забавуваат во Венеција. На парот во Венеција им се придружи нејзината 13-годишна ќерка Лу, која ја има со поранешниот сопруг Сил.

Хајди и Том се венчаа во 2019 година. На манекенката ова ѝ е трет брак, а рокерот од групата „Токио хотел“ е дури 17 години помлад од неа.

Слични содржини