Хајди Клум шокираше со бизарна изјава: „Бев маж“

од Nikola Popovski
1,2K прегледи

Одлуките и постапките од минатите животи влијаеле на идните генерации, а Хајди Клум тврди дека во минатите животи била маж. Исто така, поради оваа причина, таа ги сака пазарите познати како „бувљаци“ и постојано бара предмети што некогаш ѝ припаѓале.

Хајди Клум е обожавателка на Ноќта на вештерките и секоја година организира спектакуларни забави со креативни костими. Актерката не потфрли и оваа година, а потоа дојдоа неколку изјави кои ја шокираа јавноста.

Популарната германска манекенка откри дека верува во минатите животи, но и дека ова и е прв живот во кој е родена како жена.

„Имам чудна идеја дека веќе сум живеелa многу животи. Отсекогаш сум билa маж – ова е мојот прв пат како жена“, рече манекенката, која е првата германска топ-моделка која стана ангел на „Викторија Сикрет“.

Покрај тоа, манекенката објаснила дека има посебна врска со антиквитети и дека поради оваа причина често посетува „бувљаци“, каде што наоѓа работи што и припаѓале во минатото. Исто така, таа не може да одолее да купи предмети за кои мисли дека некогаш можеле да бидат нејзини.

„Ги сакам бувљациите и секогаш барам работи што ми припаѓале во минатото. Тие зборуваат со мене. На работа сум многу коректна, директна и организирана, но дома сум супер неуредна. Јас сум колекционерка, па тоа е малку проблем“, рекла ѕвездата.

Исто така, манекенката се присетила дека отишла кај астролог на кого му го доверила читањето на нејзината иднина.

„Милиони луѓе ќе го слушнат тоа што имаш да го кажеш“, ѝ рекол астрологот на популарната манекенка, која во тоа време сонувала за големо семејство, со голема куќа и градина, кучиња и многу деца, а никогаш не помислила дека ден таа би била толку влијателен модел.

Слични содржини