Хајди Клум сподели фотографии од почетокот на кариерата: Можете ли да ја препознаете?

од Nikola Popovski
327 прегледи

Манекенката Хајди Клум вчера преку својот Инстаграм профил сподели фотографии од младоста.

Имено, станува збор за нејзини фотографии во костими за капење од 1992 година. Таа тогаш имала 19 години, а нејзината коса била малку потемна од нејзиниот препознатлив стил.

Фтографиите ја потсетија на натпреварувањето „Germany’s Next Topmodel“ кој го води со години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

„Слично како што гледам фотографии и видеа на модели за GNTM, овие фотографии беа мои за влез на моето натпреварување во 1992 година. Мајка ми ми донесе кутија полна со стари фотографии од подрумот“, напишала таа во објавата.

Истиот ден таа споделила и фотографија на која има само 16 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

Инаку, 50-годишната манекенка кариерата ја започна во 1992 година, кога победи на натпреварувањето „Модел 92“, каде што се натпреваруваале уште 25.000 лица. После тоа, таа доби договор со Томас Зеумер, „CEP“ на „Metropolitan Models New York“, а нејзината импресивна кариера сè уште трае.

Слични содржини