Хакер ја пробил електронската пошта на директорот на националното разузнавање на САД

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Хакер успеал да ја пробие личната електронска пошта на директорот на националното разузнавање на САД, Џејмс Клапер неколку месеци по соопштенијата дека некој го „хакнал“ личниот е-маил на директорот на ЦИА Џон Бренан.хак

Кабинетот на Клапер регистрирал напад пред за него да соопшти за првпат вчера електронското списание и видео-канал за наука и технологија Мадербоард.

Тие објавија дека истиот хакер тинејџер кој го пробил „налогот“ на Бренан е одговорен и за нападот врз Клапер.

Кибер-напаѓачот бил со псевдоним Cracka и успеал да упадне и во електронската пошта на сопругата на Клапер на Јаху.