Хакер објави податоци за 533 милиони корисници на Фејсбук, нема податоци за С.Македонија (ФОТО)

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Хакер на форум објавил лични податоци на дури 533 милиони корисници на Фејсбук од 107 земји.

Меѓу објавените податоци се и телефонските броеви на корисниците, како и нивните лични податоци како што се полно име, локација, датум на раѓање. Во некои случаи, е-поштенски адреси на корисници.

Business Insider провери дел од нив и потврди дека станува збор за автентични податоци.

„Објавените податоци можат да бидат крајно корисни за сајбер-криминалци кои можат да ги користат личните податоци за измама“, рече Алон Гал, експерт за сајбер-безбедност, кој прв укажа на новото безбедносно прашање за корисниците на Фејсбук.

„База на податоци со оваа големина со приватни податоци на корисници на Фејсбук, како што се телефонски броеви, секако ќе доведе до криминалци кои ги користат тие податоци“, изјави Гал за Бизнис Инсајдер.

Тој ја откри базата на податоци уште во јануари годинава кога еден од корисниците на хакерскиот форум ја рекламираше својата програма што може да обезбеди податоци на неколку стотици милиони корисници на Фејсбук. Но, сега тие податоци се објавени и сега скоро секој може да пристапи до нив.

Слични содржини