Официјалната веб-страница на Кремљ, Кабинетот на рускиот претседател Владимир Путин (kremlin.ru) денеска е неактивна, по бројните сајбер напади од целиот свет.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во врска со сајбер нападите на претседателската веб-страница, рече дека нападите се постојани, што го оневозможува пристапот.
Хакерската група „Анонимуси“ објави сајбер војна на Русија и нападна владини веб-страници.
Russia may be using bombs to drop on innocent people, but Anonymous uses lasers to kill Russian government websites. https://t.co/Vzhkmxbuhu
— Anonymous (@YourAnonNews) February 26, 2022
Хакерските заедници и објавија сајбер војна на Русија поради нејзиниот напад врз Украина. Заедницата, која ги повика хакерите ширум светот да ја таргетираат Русија, рече дека направила недостапни многу владини веб-страници, вклучувајќи ја и веб-страницата на Кремљ.
Украинската агенција за телекомуникации објави дека се урнати повеќе од шест страници на руската влада, а руските ТВ канали се хакирани и дека на нив се пуштаат украински песни.
„Русите користат бомби за да убиваат невини луѓе, но „Анонимуси“ користат ласери за да ги убијат сајтовите на руската влада“, напишаа тие на Твитер, споделувајќи објава со која се потврдува падот на сајтовите на Кремљ, руската Дума и Министерството за одбрана.