377
Веб-страницата на руската државна агенција ТАСС денеска е хакирана, покажаа проверките на Ројтерс од неколку различни мобилни уреди.
Насловната страница на веб-страницата на агенцијата е заменета со антивоена порака во која се повикува претседателот Владимир Путин да стави крај на инвазијата на Украина.
„Ве повикуваме да престанете со лудилото, да не ги испраќате вашите синови и сопрузи во сигурна смрт“, се вели во соопштението.