Шефот на Пентагон Ештон Картер изјави дека хакери откриле над 100 слаби места во компјутерските системи на инситуциите. Тоа го соопшти Defense One. “Близу сме до завршување на програмата, во рамките на кои поканивме проверени хакери кои мораше да ја искусат нашата кибер-безопасност. Тоа ги надмина сите наши очекувања – 1 400 хакери најдоа над 100 багови. Ова ќе ни помогне да ги направиме нашите системи побезбедни “, рече Картер.
Тој додаде дека “ваквата програма се реализира за првпат на ниво на федерална влада на САД”.
