Пробувајќи да стигнат до пристапот на компјутерите и податоците на компанијата, хакерите нудат и до 20 000 долари на вработените во Епл за да им се обезбеди пристап до мрежата на гигантот и да се инфилтрираат до нивните сервери.

Business Insider повикувајќи се на вработени во Епл објави дека хакери пробале да склопат соработка со нив, контактирајќи ги по пат на е-маил. Според нивните тврдења, во најголем број случаи тие бараат нови работници кои тек треба да градат кариера во компанијата.
Но, не е се уште јасно што точно добиваат со нив, со оглед на тоа дека пристапот на корпоративната мрежа во Ирска не значи и пристап до информациите за производи или планови на компанијата кои засега се само достапни за највисокото раководство во компанијата, од каде што е и мнозинството во главното седиште во САД.
Со цел да се спротивстави на ваквите валкани предлози, Епл почна интернет кампања под назив Grow Your Own, со цел да ги насочи хакерите да си вложат во лична инвестиција, а не во црни игри.