Хакери осудени на 9 и 15 години затвор поради вирусот „СпајАј“

од Vladimir Zorba
82 прегледи

 

Рускиот државјанин Александар Панин обвинет дека со вирус заразил 50 милиони компјутери за да украде податоци за банкарски сметки е осуден на девет години затвор. haker

Панин беше обвинет дека го  направил вирусот СпајАј и го продавал на кибер криминални форуми. Осуден е во Атланта во САД.

Рускиот хакер информациите за банкарските сметки ги продавал на интернет криминалци по цени од 1.000 до 8.500 долари.

Вториот осуден Хамзи Бенделајд кој користел интернет прекар Бх1 доби 15 години затвор. Со таа програма хакери успеале да украдат над 70 милиони долари од европски компании.