102
Од Њујорк Тајмс споделија за откривањето на руската компанија за информациска и интернет безбедност „Касперски“ за она што може да се покаже како еден од најголемите грабежи на банки досега.
Специјалистите од компанијата се соочиле со голема операција, дело на азиски, американски и европски хакери кои оствариле пробив во над 100 банки лоцирани на територијата на над 30 земји низ целиот свет. Официјалниот извештај за откритијата на „Касперски“ ќе биде издаден денес, објавија од медиумиот.
Хакерите користеле високопрофилен малвер, кој можел да пресретнува видео и звук, и на тој начин стигнувале до податоци и информации за банките, нивните вработени и начинот на кој функционираат. Тоа им овозможило одлив на сеуште непозната сума на пари, пренасочувајќи ги и распоредувајќи ги на лажни сметки, од каде крадците ги повлекле своите пари. Засега износот за кој зборуваат специјалистите, се одредува на над 300 милиони долари, но тие велат дека тој може да е најмалку три пати поголем.
Тие истакнуваат дека е тешко да се разбере со точност износот бидејќи криминалците биле внимателни и повлекувале суми до 10 милиони долари на транша. Освен тоа крадците добиле пристап и до сметководствената евиденција и други сектори во банките, што помогнало за кражбата на огромни суми пари.
„Касперски“ ги информирале ФБИ во САД, како и Европол
