Северна Кореја се обиде да добие податоци за технологијата на вакцини против ковид-19 со хакерски напад врз американската компанија „Фајзер“, објави новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на јужнокорејската национална разузнавачка служба (НИС), пренесува „Ројтерс“.
Уште во ноември, компанијата „Мајкрософт“ објави дека регистрирала обиди на Северна Кореја и други хакери, кои ги поддржуваат државните структури, да украдат вредни податоци од водечките фармацевтски компании и истражувачи кои работат на развој на вакцините против ковид-19.