Хакирана фејсбук – страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

од Radmila Tasevska
260 прегледи

Вчера фејсбук страницата на Мисијата на ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка на Европа) во Скопје била хакирана.

Од ОБСЕ потврдија дека страницата е хакирана.

„Ве молиме имајте предвид дека сите пораки кои доаѓаат од таа сметка до понатамошно известување не се авторизирани од ОБСЕ“, пишува во нивната објава.

Страницата на Мисијата на ОБСЕ во земјава сега е преименувана во „Đỗ Thị Thanh Tâm“.

Во моментов со ОБСЕ претседава Република Македонија, претседавањето ќе трае во текот на целата 2023 година.