Халанд влезе во историјата на Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд одамна покажа за каква гол- машина станува збор. Сега одличниот Норвежанец успеа да влезе во историјата на Лигата на шампионите.

Овој 20-годишник успеа да стори нешто што никој досега не го сторил. Имено, тој стана играч кој најбрзо стигнал до бројката од 15 постигнати голови во елитното натпреварување.

На Халанд му беа потребни само 12 натпревари, со што го надмина рекордот што претходно го држеа Руд ван Нистелрој и Роберто Солдадо, на кои им беа потребни 19 натпревари за тој резултат.

Норвежанецот не беше стрелец на само два натпревари во Лигата на шампионите во својата кариера, а голот што му го донесе овој рекорд беше постигнат во 18-тата минута од мечот со Клуб Бриж.

Слични содржини