Хали Бери на 54: „Животот е се подобар и подобар“ (ФОТО)

од Vladimir Zorba
403 прегледи

Хали Бери, една од најубавите жени во Холивуд, вчера го прослави својот 54-ти роденден и во таа прилика објави фотографии на својот Инстаграм.

Имено, на фотографијата на која вози скејтборд, таа рече дека годините се само бројка за неа.

„54… Животот е се подобар и подобар“.

https://www.instagram.com/p/CD4Cp4xjpOp/?utm_source=ig_web_copy_link

По објавувањето следеа бројни комплименти и поздрави за роденден, а меѓу нив беа и пораките од Рис Витерспун и Кери Вашингтон.

Патем, Хали веќе некое време промовира здрав живот и редовно вежбање на својот Инстаграм профил.

Веројатно, комбинацијата на правилна исхрана и физичка активност придонесе за нејзиниот младешки изглед среде петтата деценија од нејзиниот живот.

https://www.instagram.com/p/CDUXdd_DKuv/?utm_source=ig_web_copy_link