Популарната актерка Хали Бери на својот Инстаграм профил откри дека првиот оргазам го доживеала кога имала само единаесет години.
Одговарајќи на прашања од обожавателите на Инстаграм во живо во кои учествуваше и нејзината пријателка Линдзи Флорес, актерката призна дека доживеала оргазам за прв пат додека сама ја истражувала својата сексуалност.
Линдзи ја праша колку години имала тогаш, а Хали одговори дека имала единаесет години.
После тоа, Линдзи се обиде да се сети кога првпат доживеала оргазам, а Хали тогаш се пошегува.
„Се чувствувам лошо поради тебе“, рече актерката.
Сепак, кога обожавателите побараа повеќе детали за нивните сексуални искуства, Хали реши да задржи некои детали за себе.
Да потсетиме, оваа актерка неодамна сподели фотографија на Инстаграм на која позира во маица со името на пејачот Ван Хант.
„Сега знаете“, напиша таа покрај фотографијата, со што потврди дека е во врска со познатиот пејач.
Нејзиниот нов партнер Ван Хант е музичар и текстописец. Во својата кариера има издадено пет студиски албуми, а музичките жанрови во кои се наоѓа се r’n’b и soul. Иако е добитник на „Греми“, несомнено е дека Бери е неспоредливо попопуларна од него, а голем број нејзини обожаватели не беа запознати со неговите дела.