Секој нов приситок врз цените, за граѓаните подразбира ценовен шок. Последното покачување на цените дефинитивно е неиздржливо бидејќи реално не се случи поголемо покачување на цените за овие преизводи на светско ниво, споредбено со цените од пред 2 месеца, вели Арбен Халили, економски аналитичар во кратка анализа за „Локално“ во однос на ценовните шокови.
Наглото покачување, ден после завршување на антикризните мерки, според него, укажува на фактот дека од страна на бизис заедницата, ќе се искористи секој ваков момент со цел покачување на цените.
Повеќе од неопходно е, смета тој, Владата да реагира со нови итни мерки, а тие мерки пред се мора да овозможуваат држење на цените под контрола, односно враќање на истите на позиција која што беа до 30 јуни.
Откако престанаа да важат антикризните мерки, цените на храната и енергенсите се „вивнаа“ во воздух. Колку граѓаните можат да го издржат овој ценовен притисок?
-Секој нов приситок врз цените, за граѓаните подразбира ценовен шок. Последното покачување на цените дефинитивно е неиздржливо бидејќи реално не се случи поголемо покачување на цените за овие преизводи на светско ниво, споредбено со цените од пред 2 месеца. Наглото покачување, ден после завршување на антикризните мерки, укажа на фактот дека од страна на бизис заедницата, ќе се искористи сеој ваков момент со цел покачување на цените. Недостатокот на хуманиот аспект во кризни моменти се покажа дека е многу мал или пак веќе не постои меѓу нас.
Од друга страна, едно големо прашање што се отвара е: Ако реално последната година немавме некое големо покачување на понудата за овие производи, ниту пак на побарувачката, тогаш кој е тој фактор што направи ценовен шок а без тоа да биде предизвикано од двете најголеми пазарни сили, кои што се спомнуваат во основите на економиата, а тоа се понудата и побарувачката??? Ова е прашање кое што ќе треба подетално да го анализираме во следнито период, и да утврдиме, што навистина се случува: дали тоа е факторот „психолошки аспект:, како детерминанта за ценовен шок, или пак самиот недостатот на два енергенса, т.е: „горивото и пченицата”, направи светско ценовно оптеретување?!
Треба ли што побрзо носење одлука за повторно замрзнување на цените, пред се на горивата кои веќе достигнаа и над 109 денари?
-Дефинитивно „скриената рака” на Адам Смит, во кризни мoменти се покажа нефункционална, значи, пазарните сили не успеа да се совпаѓат во овој период, поради појавата „трет ценовен фактор”. Поради тоа, со цел да се поддржат граѓаните, а без при тоа да се оштетат и фирмите, повеќе од неопходно е владата да реагира со нови итни мерки, а тие мерки пред се мора да овозможуват држење ан цените под контрола, односно враќање на исните на позиција која што беа до 30 јуни.
Опозицијата, пак, најавува предлог законски решенија со кои до крајот на годината прехранбените производи би биле ослободени од ДДВ, а акцизата на горивата би се преполовила и ДДВ-то би било пет проценти наместо моменталните 18 проценти. Може ли Владата да повлече воопшто ваков потег и дали тоа ќе го олесни товарот на граѓаните?
-Во кризни моменти треба сите да се обидеме да даваме издржливи идеи кои ќе ни овозможуват полесно да ги надминеме предизвиците со кои се соочуваме. Токму поради тоа, меѓу другото е и морална обврска на опозицијата да излезе со конкретни предлози кои пред се мора да се реални и издржливи, и секако не би гледал никаква причина зошто истиве не би се подржувале од страна на владата ако е така. Сепак, лично сметам дека таквото намалување, може да биде краткорочно примамливо за граѓаните, но долгорочно ќе биде штетно за државните финансии.
Ако во една страна викаме дека и во кризни моменти, капиталните инвестици мора да продолжуваат, бидејќи само така ќе се одржуват во кондиција домашните компании, не можеме да викаме сега, да не се полни државната каса бидејки така не може никаква инвестиција да се направи. Најважно од се, при скеој предлог, мора да даваме и конкретни пресметки за тоа како спроведувањето на, да речеме, конкретниот предлог на опозицијата ќе влијае врз државната каса? Колку ќе се продлабочи буџетскиот јаз ако се наамли ДДВ-то за нафтените деривати на 5% и дали воопшто има друг алтернативен извор за да се покријат новите предизвици на државните финансии ако се спроведе таквиот предлог?!.
Значи да резимирам уште еднаш, сите предлози се добродојдени и никој не смее да се исфрли бидејки доага од опозицијата или трета страна, но секој предлог освен самиот предлог, повеќе од потребно е да има и алтернативно решение, а се дотогаш замрзување на цените мора да има!
Војната во Украина се очекува, барем според првиот американски дипломат Блинкен, да трае уште неколку месеци. Гледате ли крај на кризата за Македонија, која е увозно зависна земја, како за суровини така и за финални производи?
-Македонија е земјоделска држава, која секој ден ја губи активно работната сила. Поради тоа, фамозните трумбетирања за ефтина но квалификувана работна сила веќе не важат. Затоа не може ни да привлечеме повеќе ни странски инвестиции играјки на таа ефтина примамлива карта. Со последнит попис се покажа дека околу 1.600.000 илјади луѓе се уште живеат тука. Тоа што ни треба е јасна и конкретна стратегија која што ќе биде насочена на две насоки: идентификација на максимум 3 стратешки гранки на кои че ја насочиме сета сила за развој и ќе ја основаме макроекономската долгорочна стабилност на државата. А за мене тоа се: земјоделството, градежништвото и руралниот туризам. Како и идентификација на барем три стратешки образовни насоки, кои што ќе, условно кажано, произведуват квалификувана работна сила.
Кога зборувам за образовни насоки, не мислам на високо образование, туку на средно образование: нас не ни се потребни по две гимназии во ист град со по 20 или 30 паралелки, не ни треба медицинско училиште во еден град со 40 паралелки туку со максимум 10-12 паралелки но со квалитетнит ученици. Вложувањата треба да се насочуваат во професионалните технички училишта, спасот за домашната економија, а со тоа и за малите и средните компании, е токму во средните технички училишта.
За да се соочиме со вакви идни кризни последици, мора да почнеме да ја обработиме секоја педа на земјделското земјиште, а нашата земја освен нафтените деривати, се друго ни овозможува да произведеме. Ние не може бизнис стратегиите да ги насочима само во услужните дејности, бидејки гледаме секој ден дека ни тоа не знаеме да го правиме како што треба по нашите ресторани и кафулиња. Затоа да се насочиме во производството.
Владата донесе мерки за справување со кризата, но тоа направи дупка во буџетот, па сега бара нов заем од ММФ. Ќе продолжиме ли според вас, да го „сервисираме“ буџетот со нови позајмици, иако задолжувањата се веќе над 60 отсто од БДП?
-За жал тоа ќе биде така уште некој неопределен момент, полнење на буџетот со изнајмени средства, а почесто за враќање на старите долгови, а најголемата буџетска дупка со непродуктивни инвестиции се направни со најнепродуктивиот проект Скопје 2014. Во кризни ситуации, сите земји гледат да имаат одржлив буџет, сепак најважно од се е и во кризни моменти да не запират капиталните инвестиции, а овие средства никако не смеат за непродуктивни проекти да се искористуваат. И ако сакаме полека да се стабилизираме, мора да се воведе мораториум за вработување во државната дминистрација од најмалку 15 години. Најнепродуктивен сегмент во општеството е државната администрацја, чија точна бројка не ја знае никој од нас, но ако се навистина над 160.000 административци, тоа значи дека 10% од вкупното население присутно во државата, работи во администрацијата, со една проста математика тоа значи дека еден државен слуќбеник, ако еднаш во месецот служи ист човек, значи секој услужува 10 луге во месец. Прашањево е што прави другово време.
Ова бројка не сме да надмине повеќе од 5% на општинско и државно ниво, во спротивно, џабе се сите мерки за економски развој, ако најголеми трошоци имаме за плати во администрацијата!
В.З.