Халили: Солидарноста на ЕУ отсекогаш била тука, но делата не го покажуваат тоа

од Andreja Salpe
381 прегледи

Поранешниот амбасадор Мухамед Халили во емисијата 24 анализа истакна дека не гледа отимизам од германска страна и тоа е познат став за неодвојување на Македонија и Албанија. Смета дека ќе дојде време кога, ако не се реши проблемот, овој принцип да се менува или да остане ист.

„Од тоа што го слушнав министерот Рот, тој дошол тука на граѓаните на Македонија да им објасни дека не се заборавени, дека Македонија наравила многу заложби, го сменила името и дека тие е бидат солидарни. Солидарноста отсекогаш била тука, но делата не го покажуваат тоа. Германија ја поддржува државата, но не успеа да ги убедат Бугарите и Грците. Најглавната порака на крај беше дека треба да се испорачаат резултати за непотизмот и криминалот.“ – вели Халили.

Халили смета дека ова не е новост и министерот Рот требаше ова да им го каже на Бугарија, зошто од нив зависи наша судбина, не од нас.

Слични содржини