Хамас доби нацрт-предлог за прекин на огнот во Газа

од Vladimir Zorba

Палестинската милитантна група Хамас доби нацрт-предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, кој вклучува 40-дневна пауза во сите воени операции и размена од 10 спрема 1 на палестински затвореници за израелски заложници, неименуван извор запознат со преговорите изјави денеска за Ројтерс.

Според предлогот, кој произлезе од преговорите во Париз, болниците и пекарите во Газа ќе бидат поправени, 500 камиони со хуманитарна помош ќе влегуваат во енклавата секој ден и илјадници шатори и каравани ќе бидат доставени за сместување на раселените лица, рече изворот.

Во нацртот се наведува дека Хамас треба да ослободи 40 израелски заложници, вклучително и жени, помлади од 19 години, болни и такви над 50 години, додека Израелците ќе ослободат околу 400 палестински затвореници кои нема да бидат повторно уапсени.

Посредниците ги засилија напорите да обезбедат прекин на огнот во Појасот Газа со надеж дека ќе спречат понатамошни израелски напади врз Рафа, дом на повеќе од милион раселени луѓе.

Слични содржини