Хамас ги претстави условите за примирје со Израел – бара гаранции од САД за прекин на војна

Напорите за примирје во Газа беа засилени откако САД изарбитрира примирје со кое прекина 12-дневната војна меѓу Израел и Иран.

од desk2
14 прегледи

Хамас побара гаранции дека новиот предлог на САД за прекинот на огнот во Газа ќе доведе до завршување на војната со Израел, јави Ројтерс повикувајќи се на свој извор близок од палестинското движење.

Израелски претставници, пак, велат дека изгледите за постигнување договор за прекин на војувањата и размена на заложници се големи сега, речиси 21 месец од почетокот на војната на Израел против Хамас.

Напорите за примирје во Газа беа засилени откако САД изарбитрира примирје со кое прекина 12-дневната војна меѓу Израел и Иран.

Во вторникот претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека Израел ги прифатил условите потребни за финализација на 60-дневен прекин на конфронтациите со Хамас, во кој период страните ќе работат на завршување на војната. Хамас сега бара јасни гаранции дека прекинот на огнот на крајот ќе доведе и до крај на војната.

Израелски функционери пак нагласиле дека тие детали уште се разработуваат. Крајот на војната е главниот проблем во обновените рунди на неуспешните преговори.

Друг извор запознат со ситуацијата рекол дека Израел очекува одговор од Хамас до петок и дека ако тој е позитивен, израелска делегација ќе учествува во индиректни преговори за потврдување на договорот.

Уште не е познати дали тие преговори ќе се одржат во Египет или во Катар – двете земји што посредуваат во преговорите.

Предлогот вклучува постепено ослободување на 10 живи заложници – Израелци и враќање на телата на уште 18 зеложници во замена за палестинските затвореници во израелските затвори.

Слични содржини