Хамас го ракетираше Ерусалим, израелскиот парламент евакуиран (видео)

од Nikola Popovski
225 прегледи

По ултиматумот на Хамас, во Ерусалим биле истрелани ракети, а тензијата продолжува да расте. Израелскиот парламент бил евакуиран по ракетирањето, а долж границата со Газа, Израел го зголемил бројот на своите сили.

Израел исто така ги засили силите на Западниот брег и појасот Газа за да спречи ширење на немири од Источен Ерусалим, каде Палестинците се судрија со полицијата.

Палестинското милитантно движење Хамас објави дека раководството на заедничката команда на вооружените движења во Газа му дало рок на Израел до 18:00 часот по локално време да ги повлече своите сили од комплексот на џамијата Ал-Акса во ерусалимската населба Шеик Џара.

Стотици Палестинци викендов и утринава се судрија со израелската полиција во близина на џамијата Ал-Акса поради можно иселување на палестински семејства од населбите во источен Ерусалим.

Слични содржини