Хамас: Израел ќе ослободи 30 затвореници, вклучително и активистката Ахед Тамими

од Stefanija Kuzmanovska
277 прегледи

Палестинската милитантна група Хамас денеска соопшти дека од израелските затвори ќе бидат ослободени уште 30 затвореници.

Станува збор за жени и деца, а меѓу ослободените ќе биде и палестинската активистка, 22-годишната Ахед Тамими, според соопштението на Хамас на Телеграм, пренесува „Ал Џезира“.

Затворениците се од Ерусалим и од различни делови на окупираниот Западен Брег, вклучувајќи ги градовите Хеброн и Рамала.

Тамими е писателка и активистка и потекнува од угледно семејство од селото Наби Салих на Западниот Брег, а од 11-годишна возраст е симбол на отпорот кон израелската окупација, пишува „Гардијан“.

Таа беше осудена на осум месеци затвор за шлаканици и удирање на израелски војник во 2017 година, откако нејзината 15-годишна братучетка беше погодена со гумен куршум во главата за време на протест.

Слични содржини