Хамас: Израел нема да го постигне она што не го постигна ниту во претходните 50 дена

од Stefanija Kuzmanovska
277 прегледи

Откако израелската армија утринава повторно почна да ја напаѓа Газа, Хамас изјави дека Израел нема да успее во она што не успеа ниту во претходните 50 дена, пренесува „Анадолија“.

Членот на Политичкото биро на Хамас, Изат ал Ришк издаде писмена изјава откако Израел продолжи со нападите по завршувањето на „хуманитарната пауза“ во Газа.

„Со одлучноста на нашиот народ и херојството на нашиот отпор, ние се спротивставуваме на злосторствата на непријателот, на обновувањето на нацистичката агресија и нејзиното таргетирање на цивили“, се вели во соопштението на Телеграм профилот на Хамас.

Истакнувајќи дека отпорот кон израелските напади ќе продолжи, Ришк додаде:

„Израел, со продолжување на своите напади, нема да може да го постигне она што не можеше да го постигне во 50-те дена пред прекинот на огнот.

Утринава заврши „хуманитарната пауза“, која стапи на сила во петокот на 24 ноември во 8 часот како дел од помирувањето меѓу Израел и Хамас.

По завршувањето на „хуманитарната пауза“, израелската армија продолжи со нападите врз Појасот Газа.

Слични содржини