Хамас му се закани на Израел: Ќе ја платите цената за вашата агресија на Газа

од Nikola Popovski
279 прегледи

Портпаролот на милитантното крило на палестинскиот Хамас, Абу Обеид денеска изјави дека Израел ќе ја плати цената на агресијата врз појасот Газа.

„Единствената цел што израелската армија ја постигна се злосторствата и масакрите што ги направи пред целиот свет. Непријателот нема да добие ниту еден час мир и затишје. Ќе ја плати цената за својата агресија“, рекол Обеид на прес-конференција, пренесува „Ал Џезира“.

Тој додал дека борците на Хамас уништиле 160 израелски воени возила во последните неколку недели.

„Израелската армија се соочува со жесток отпор и поради тоа се водат жестоки судири. Нашите борци го изненадуваат непријателот. Тие ги уништуваат нивните тенкови“, кажал Обеид.

Слични содржини