Хамас најавува експлозија на гнев ако Израел не ги пушти муслиманите во џамијата Ал Акса за Рамазан

од Stefanija Kuzmanovska
421 прегледи

Палестинската милитантна група Хамас издаде предупредување до Израел дека ќе има „експлозија на гнев“ доколку на муслиманите им биде забранет пристапот до џамијата Ал Акса во Ерусалим за време на светиот муслимански месец Рамазан, кој трае од 11 март до 9 април.

„Нашиот непријател нека чуе дека нашите души вријат. Нашиот гнев е моментален, а експлозијата ќе се случи доколку има некакви забрани за муслиманите да влезат во Ал Акса за време на Рамазан“, се вели во соопштението на Хамас, пренесе „Џерусалим пост“.

Минатата недела беше објавено дека посетата на Палестинците од Западниот Брег на Ридот на храмовите ќе биде забранета за лица постари од 60 и под 10 години. Се разгледуваат и можни ограничувања за израелските муслимани.

Јавниот сервис КАН неколку пати објави дека се разгледува забрана за пристап до Ридот на храмовите за израелските Арапи помлади од 40 години.

Слични содржини