Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека нема да се согласи на друг договор за ослободување на заложниците што ги држи во Газа, освен ако, како што вели, дојде крај на „израелската агресија“ врз Појасот Газа.
„Го потврдуваме нашиот став дека нема да отвориме никакви преговори за размена на затвореници доколку еднаш засекогаш не престане агресијата врз нашиот народ“, се наведува во соопштението на Хамас.
Се додава дека овој став Хамас им го пренел на посредниците, пишува „Тајмс оф Израел“.
Милитантната група Исламски џихад, исто така, рече дека за договор за ослободување на заложниците ќе се разговара само по генералниот прекин на огнот.