Хамас објави видео на кое се гледа како тројца заложници го прекоруваат Нетанјаху

од Radmila Tasevska
266 прегледи

Хамас објави пропагандна видео снимка во која три израелски жени држени како заложници од групата во Појасот Газа го осудуваат премиерот Бенјамин Нетанјаху, повикувајќи го да обезбеди нивно ослободување и обвинувајќи го дека не го спречил нападот на терористичката група на 7 октомври, објавија израелските медиуми.

Идентитетот на трите жени се уште не е познат.

-Додека ИДФ ја интензивира својата операција во Појасот Газа, се смета дека Хамас користи различни психолошки манипулации за да сее поделеност и да ја ослабне решителноста на Израелците, додека ги користи преговорите за ослободување на околу 240 заробеници што ги држи за да купи време и ресурси за нејзината воена кампања, пишува Тајмс оф Израел.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пак, ја критикува „суровата психолошка пропаганда“ на Хамас во објавувањето на видеото и ја обвинува групата за воени злосторства.

-Нашето срце е со вас и со сите други заложници. Правиме се што можеме за да ги вратиме сите киднапирани и исчезнати дома, вели Нетанјаху обраќајќи им се на трите жени од видеото.

Слични содржини