Хамас објави ВИДЕО со живи заложници

од Nikola Popovski
192 прегледи

Палестинската милитантна група Хамас денеска објави пропагандно видео на кое се прикажани живите заложници Кит Сигел и Омри Миран.

Во монтираното триминутно видео, Сигел и Миран се претставуваат и велат дека се надеваат на договор што ќе им овозможи на нив и на другите затвореници да се вратат дома.

Видеото е без датум, но Миран вели дека бил во заробеништво 202 дена, а Сигел го споменува празникот Пасха, што укажува дека тие биле снимени неодамна, пишува „The Times of Israel“.

Сигел, американски државјанин, беше однесен со неговата сопруга од нивниот дом во кибуц Кфар Аз на 7 октомври. Неговата сопруга Авива Сигел беше ослободена во ноември.

Миран беше заробен од терористите на Хамас од кибуцот Нир Оз за време на нападите.

Хамас претходно објави слични видео снимки од заробени заложници, за кои Израел тврди дека претставуваат „жалосна психолошка војна“.

Слични содржини