Хамас: Сакаме вистински договор, но Нетанјаху сака војната да продолжи

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Хамас сака смиреност и вистински договор за прекин на огнот во Газа, но израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сака војната да продолжи, изјави високиот функционер на Хамас, Калил ал Хаја.

„Хамас не ги суспендираше ниту се повлече од преговорите (примирјето), окупаторот се сврте против предлогот на посредникот“, изјави Ал Хаја за телевизијата Ал Араби во петокот, пренесе Ројтерс.

Палестинска милитантна група претходно во петокот изјави дека напорите за договор за прекин на огнот во Појасот Газа се вратиле на почеток откако Израел го отфрли предлогот на меѓународните посредници.

Последната рунда преговори за примирје во Појасот Газа заврши откако Израел им укажа на посредниците, вклучувајќи ги САД, Египет и Катар, за резервираноста на Тел Авив за предлогот на Хамас за ослободување на заложниците, изјави израелски официјален претставник за Ројтерс.

Слични содржини