Хамас се заканува: Ниту еден заложник нема да излезе жив од Газа без одговор на нашите барања

од Nikola Popovski
241 прегледи

Палестинското движење Хамас денеска предупреди дека ниту еден од заложниците кои беа киднапирани за време на нападот на 7 октомври, а се уште се чуваат во Појасот Газа, нема да замине „жив“ без преговори и „без одговори на нивните барања“.

„Ниту фашистичкиот непријател и неговото арогантно раководство, ниту неговите поддржувачи, нема да можат да ги вратат живи своите затвореници без размена и преговори и без одговор на барањата на отпорот“, изјавил портпаролот на вооруженото крило на Хамас, Абу Обеид.

Во меѓувреме, Министерството за здравство на Хамас објави нов биланс на жртви – 17.997 загинати во Газа.

Вооруженото крило на Хамас во петокот објави дека ја отфрлило операцијата на израелските специјални сили насочена кон спасување заложници во Појасот Газа, при што неколку израелски војници биле ранети, а еден е загинат.

По прекинот на огнот, 137 останаа во заробеништво во Појасот Газа, од околу 240 лица кои беа земени како заложници од Хамас во нападот на Израел на 7 октомври.

Слични содржини