Хамас: Внатрешно раселени 1,5 милиони жители на Појасот Газа

од Vladimir Zorba
3,K прегледи

Досега милион и пол жители на Појасот Газа ги напуштија своите домови поради ескалацијата на палестинско-израелскиот конфликт, соопшти денеска прес-службата на палестинската влада под контрола на Хамас.

Во соопштението се наведува дека тоа е 70 отсто од населението на Појасот Газа и дека живеат во прифатни центри, пренесе РИА Новости. Палестинскиот постојан претставник во ОН, Ријад Мансур на состанокот на Советот за безбедност претходно оваа недела изјави дека милион луѓе се внатрешно раселени во Појасот Газа од почетокот на конфликтот.

Според податоците на Министерството за здравство на палестинската енклава, бројот на загинати од почетокот на конфликтот се искачи на 4.651, а повеќе од 14.200 луѓе се повредени.

Слични содржини