155
Бројот на загинати жители на Појасот Газа во израелските напади се искачи на 22.185, соопштија здравствените власти под контрола на Хамас.
Тоа е за 207 лица повеќе од претходниот ден, а дополнителни 57.035 лица се повредени од почетокот на војната, а повеќето од нив се цивили, објави власта денеска. Бројките не можат да бидат независно потврдени во овој момент.
Војната во Газа беше предизвикана од најтешкиот масакр во историјата на Израел од страна на милитантите од Хамас и другите екстремистички групи на 7 октомври во близина на границата со Појасот Газа, при што загинаа повеќе од 1.200 луѓе.
Израел одговори со масивни воздушни напади и копнена офанзива, чиј крај во моментов не е на повидок.