Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон забележал „кошмарни“ според неговите зборови, први слободни тренинзи за Големата награда на Канада во Монтреал.
Тимот експериментираше со поставките на болидот на Луис за да најде начин да ги подобри неговите перформанси и да се ослободи од скокањето на автомобилот, но не постигна многу резултати. За време на слободниот тренинг, Хамилтон преку радио му објасни на боксот дека неговиот болид е „невозможен за возење“, а подоцна рече дека е време Мерцедес да се откаже од обидот да ги реши проблемите на W13.
„Пробавме секакви нови работи на болидот, вклучително и сосема нов под, но не успеа. Ништо во овој автомобил не функционира, објасни Хамилтон. – Џорџ Расел користеше многу различни поставки на вториот тренинг и се покажа дека ниту тој не успеа. Нашите перформанси се неуспешни, бидејќи болидот се влошува и колку повеќе се трудиме, толку е полоша ситуацијата. Мислам дека треба да ја завршиме оваа сезона со овој болид и да почнеме да работиме на болидот за следната година“.
Хамилтон му предвиде тежок викенд на Мерцедес во Монтреал, а вчера заедно со Расел мораа да се помачат за влез во Топ 10.
„Само допирање на тротоарот и автомобилот полетува, нашата суспензија овде е толку цврста“, додаде Хамилтон. „Ова е мојот најлош настап овде откако сум во Формула 1“.