Хамилтон го изедначи рекордот на Шумахер по бројот на титули во Ф1

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Луис Хамилтон ја освои седмата шампионска титула во Формула 1 и се изедначи со Михаел Шумахер.

Тој победи на трката за Големата награда на Турција и го обезбеди трофејот за најдобар возач на „најбрзиот циркус“, по седми пат во кариерата.

На тој начин, Британецот стана најдобар возач во историјата, заедно со Германецот, а сега двајцата имаат две титули повеќе од Хуан Мануел Фанџo.

Британецот стигна до својот десетти триумф оваа сезона на патеката „Истанбул парк“, и 94-ти во кариерата, додека неговиот главен конкурент во борбата за титулата, Валтери Ботас, беше далеку од поени.

На тој начин Хамилтон има 110 поени повеќе од неговиот соиграч.

Втората позиција на трката ја завзема Серхио Перез од Рејсинг Поинт, додека трет беше Себастијан Фетел.

Во финишот на трката, Германецот успеа да биде подобар од неговиот тимски колега Шарл Леклер и за прв пат се искачи на подиумот оваа сезона.

Макс Верстапен имаше шанса да победи, но тој погреши и на крајот испадна од конкуренцијата за првото место.

За време на трката, пилотите на Рејсинг Поинт возеа добро, Ленс Строл и Перез долго време беа на првите две позиции, но тие места ги загубија во 37-от круг, кога Хамилтон поведе и создаде услови за победа и титула.

Слични содржини