Луис Хамилтон, актуелниот светски шампион во Формула 1, верува дека Ред Бул може да биде дури и побрз од неговиот Мерцедес на следните трки.
Хамилтон славеше на првата трка сезонава во Бахреин, но со многу среќа бидејќи Макс Верстапен од Ред Бул беше побрз во квалификациите и во поголемиот дел од трката. За Мерцедес ова е прв пат во последните осум години да остане без пол-позиција на првата трка од сезоната.
Британскиот возач смета дека претстојната сезона ќе биде една од највозбудливите во последните неколку години. Последен пат Хамилтон имаше вистински ривал во борбата за титулата во 2016 година, а тоа беше неговиот тимски колега Нико Розберг во тоа време.
„Јас сум многу возбуден и пресреќен со навивачите, среќен сум што сите се возбудени од борбата за титулата. Мислам дека тоа е нешто што навивачите го посакуваа долго време. Со брзината што ја има Ред Бул, може да бидат уште повеќе пред нас, но ќе работиме напорно за да се обидеме да останеме близу до нив во таа борба“, рече Хамилтон, најавувајќи големи дуели со Верстапен и клупскиот колега Валтери Ботас.
„Се надевам дека ќе имам многу блиски трки со Макс и Валтери. Има многу трки до крајот, дури 22! Ќе оседам до крајот на оваа сезона …“