И покрај судирот што го имаа на Силверстоун, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон верува во Макс Верстапен и тие може да продолжат да се почитуваат и коректно да се тркаат.
Тие се судрија веќе во првиот круг – возачот на Ред Бул не можеше да ја продолжи трката, додека Хамилтон го престигна Шарл Леклерк во возбудливо финале и го освои првото место.
Британецот беше прогласен за виновен за судирот, тој беше казнет со десет секунди, но сепак победи.
„Сакам да мислам дека треба да учиме од ваквите искуства и да растеме како луѓе. Ретко се случува инцидент што е стопроцентно нечија вина, секогаш е комбинација затоа што се вклучени две или повеќе лица. И двајцата можеме да научиме нешто од ова“, вели Хамилтон, додавајќи:
„Според моето искуство, би рекол дека Макс е еден од најагресивните возачи. Секако е одлична работа, но навистина мислам дека треба да најдеме рамнотежа на патеката, треба да има простор и почит меѓу нас возачите, за да можеме да продолжиме да се натпреваруваме без судир“.
Хамилтон не смета дека неговата битка со Верстапен во „Силверстоун“ е поразлична од претходните такви ситуации, со фактот дека порано имало ситуации кога Британецот би се повлекол за да избегне судир.
„Мислам дека тоа беше нормална битка. Кога бев помлад, веројатно и јас бев агресивен. Можеби не толку агресивен како што е сега Макс, но и јас бев прилично агресивен како млад човек. Сега сум постар и знам дека тоа е маратон, а не спринт, затоа соодветно им приоѓам на трките“, посочува 36-годишниот Хамилтон и дообјаснува:
„Сепак, мислам дека тој е многу агресивен оваа година. Во повеќето случаи, морав да се повлечам за да избегнам инцидент и да можам да се борам против него подоцна во трката. Како што можете да видите (во сабота), кога е јасно, тие се премногу брзи. Затоа, морам да се обидам да ја искористам можноста кога таа ќе се појави. Тоа е она што го направив. Тој не успеа да ми ја „затвори вратата“, но, за жал, тој ја задржа својата агресија и се судривме “.
Хамилтон стигна до својата 99. победа во кариерата на „Силверстоун“. Британецот значително ја намали разликата во споредба со Верстапен во генералниот пласман. Холанѓанецот води со 185 поени разлика, осум повеќе од седумкратниот светски шампион.