Продолжувањето на сезоната во Ф1 во Спа може да се покаже како тежок тест за возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел. Вчера двајцата останаа 6-ти и 7-ми на слободните тренинзи, со сериозна разлика од колегите од Ред Бул и Ферари.
На вториот тренинг Луис остана 1,3 секунди зад Макс Верстапен, а Расел 1,5 секунди круг зад светскиот шампион.
„Не сме доволно брзи – објасни 7-кратниот светски шампион. – Но се уште немаме одговор зошто е тоа така. Ние користиме се што имаме. Но, причината може да биде во гумите, во посвежото време, во дотерувањето на крилата, причините за ова може да бидат многу. Но, не е дека нашиот настап е неуспешен, туку само сериозно заостануваме“.
Другиот пилот на тимот, Џорџ Расел, истакна дека болидот на Мерцедес – W13, не можел доволно добро да ги загрее гумите на „Спа“, а Британецот прецизирал дека тоа важи за секој модел на гуми со кој излегол на патеката вчера.
„Ако можеме да ги внесеме гумите во оптималниот температурен прозорец, нашите перформанси ќе бидат многу подобри – додаде Расел. „Но, разликата со Макс и двата болида на Ферари останува преголем“.