242
Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, призна дека одбил улога во годинашниот филм со најголема заработка „Топ ган: Маверик“ со Том Круз поради неговите обврски на светското првенство.
Луис потврдил за списанието „Венити фер“ дека требало да глуми пилот на борбен авион и дека навистина ја сакал улогата.
„Том Круз и јас сме пријатели – објасни 37-годишниот пилот на Мерцедес. „Пред неколку години ме покани на снимањето на „Edge of Tomorrow“, а потоа го изградивме нашето пријателство.
Хамилтон објасни дека е голем обожавател на оригиналниот филм „Топ Ган“ од 1986 година.