Хамилтон со најголема плата во Формула 1

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон е број 1 по плата во првенството, објави британскиот весник „The Sun“. Изданието се повикува на свои извори, но информациите остануваат неофицијални.

Хамилтон веќе неколку години конкурира за најголема плата во Формула 1, а оваа сезона весникот ја пресметува на 33 милиони фунти. Луис има договор со тимот до крајот на следната сезона и веќе објави дека може да остане во спортот и по 2023 година.

Актуелниот светски шампион Макс Верстапен е втор со 20,6 милиони фунти, а трет е Фернандо Алонсо, кој добива 16,5 милиони фунти од Алпин.

Се претпоставува дека Шпанецот ќе вози исто толку, ако не и повеќе, во Астон Мартин.

Ландо Норис исто така добива 16,5 милиони фунти, но од Мекларен, а платата на Фетел во Астон Мартин во неговата последна сезона во Формула е 12,3 милиони фунти.

Следат возачи под границата од 10 милиони фунти, а најблиску е Шарл Леклер од Ферари со 9,9 милиони фунти. Валтери Ботас (Алфа Ромео), Ленс Строл (Астон Мартин) и Карлос Саинц (Ферари) возат за 8,2 милиони фунти, а овие тројца возачи ја заокружуваат Топ 10.

Во Формула 1 има и четворица возачи кои заработуваат помалку од 1 милион фунти по сезона. Тоа се Никола Латифи (Вилијамс, 825.000), Гуањ Џоу (Алфа Ромео, 825.000), Мик Шумахер (Хас, 825.000) и Јуки Цунода (Алфа Таури, 619.000).

Слични содржини