Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон изјави дека би сакал четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел да се врати во Формула 1 и дека тој би бил „неверојатна опција“ за германскиот тим.
Хамилтон, кој од следната сезона ќе вози за Ферари, изјави дека би сакал да биде заменет во Мерцедес од некој со интегритет и вредности кои се во склад со тимот.
Фетел се повлече од Формула 1 на крајот на 2022 година и во средата изјави за Скај дека ја разгледува можноста за враќање и дека останал во контакт со директорите на тимовите, вклучувајќи го и Тото Волф од Мерцедес.
„Би сакал да се врати Себ. Тој би бил неверојатна опција за тимот. Германски возач, повеќекратен светски шампион и некој кој има неверојатни вредности и го носи тимот напред. Би сакал да го вратам“. изјави Хамилтон, пренесе Скај.