ХАМИЛТОН за рекордот: Сè му должам на Мерцедес!

од Vladimir Zorba

Луис Хамилтон победи во Португалија и стана возач со најмногу триумфи во историјата на Формула 1. Британецот се најде на највисокото скалило на подиумот по 92 пат на патеката „Алгарве“ и со тоа е сам на врвот по бројот на победи во историјата, надминувајќи го легендарниот Михаел Шумахер.

Луис не го криеше својот ентузијазам по трката и му се заблагодари на целиот тим за сè што направија за него.

– Сè му должам на Мерцедес! И на луѓето овде и на оние во фабриката. Вистинска привилегија е да се работи со нив. Не можев ни да сонувам дека еден ден ќе бидам тука и ќе го соборам овој рекорд. Ќе треба малку време сè да се смири, немам зборови – рече воодушевениот Хамилтон.

Слични содржини