Хамилтон: Заостануваме уште повеќе во однос на Австрија

од Vladimir Zorba
222 прегледи

Според Луис Хамилтон, првиот слободен тренинг за Големата награда на Франција вчера покажал дека Мерцедес сега се подалеку од лидерите во однос на трката во Австрија. Но, 7-кратниот светски шампион продолжува да верува дека неговиот тим може да се бори за место на подиумот и на „Пол Рикар“.

„Четврто и петто место, вообичаено ова е наш настап оваа сезона – прокоментира Британецот по слободниот тренинг. – Но, тоа не значи дека не можеме да бидеме на подиумот, мислам дека можеме. Едноставно не сме толку брзи како лидерите, малку заостануваме во споредба со претходната трка“.

Се веруваше дека мазниот асфалт на француската патека, брзите свиоци и високите температури на воздухот и подлогата ќе му одат во прилог на Мерцедес, но вчера тоа не се виде на патеката.

-Никаде немаме доволно темпо – потврди Хамилтон. – На секој свиок заостануваме ќе треба да направиме многу сериозна анализа на собраните информации, но чувствувам дека болидот нема доволен притисок. Сè друго е во ред.

Слични содржини