Хамнеи ја поддржа Русија: „НАТО не познава граници ако му се отвори патот“

од Stefanija Kuzmanovska
130 прегледи

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи ја поддржа руската инвазија на Украина, пишува „Гардијан“.

„Војната е сурова и тешка тема и Иран воопшто не е среќен што обичните луѓе страдаат поради неа, но во случајот со Украина, да не преземевте иницијатива, другата страна ќе предизвикаше војна со своја иницијатива“, рече Хамнеи во вторник во Техеран во разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Врховниот водач на Иран рече дека „НАТО не познава граници ако му е отворен патот“ и дека ако Алијансата не беше запрена во Украина, „ќе ја започнеше истата војна малку подоцна под изговор на Крим“.

Слични содржини