12
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека смртта на лидерот на Хамас, Јахја Синвар нема да ја запре „Oската на отпорот“ и дека Хамас „ќе продолжи да живее“.
„Неговата загуба е несомнено болна за Оската на отпорот, но овој фронт не престана да напредува и покрај мачеништвото на истакнати личности“, рече Хамнеи во изјавата, пренесе Ројтерс.
Тој нагласи дека Хамас е жив и така ќе остане.