Европскиот комесар за проширување и политика за добрососедство Јоханес Хан денеска објави дека ги одложил своите напори за деблокирање на дијалогот Белград-Приштина за почетокот на јули. Според него, тешко е да се мотивираат водачите на двете страни да се вратат на преговарачката маса.

-Тоа не е лесна задача и потребна е голема политичка храброст да се работи на компромис. Треба да знаеме кои се позитивните последици бидејќи позитивните последици може да бидат европска перспектива, рече Хан на прес-конференцијата во Луксембург.
Тој објасни дека ги одложил своите напори за деблокирање на дијалогот Белград-Приштина за почетокот на јули поради тоа што бил фокусиран на ситуацијата во Молдавија.